Акробации на грбав кит
20 јули 2024![Грбав кит во близина на островот Игуана, Панама](https://static.dw.com/image/69660516_800.webp)
Реклама
Сезоната на посматрање на китовите трае од јули до октомври, во време кога грбавите китови мигрираат во топлите води кај панамскиот пацифички брег за да се размножуваат и да обезбедат потомство. Грбавите китови се познати по скоковите од вода и други карактеристични однесувања на површината, што ги прави популарни кај посматрачите на китови. Мажјаците произведуваат и сложена „песна“ во траење од 10 до 20 минути, која ја повторуваат со часови.