1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Албанските опозиционери ги запалија своите столчиња

ЕМФ | агенции
1 октомври 2024

Припадници на Националната гарда користат апарати за гаснење додека членовите на албанската опозиција ги палат своите столчиња пред зградата на албанскиот парламент.

Албанија Тирана | опозицијата пали столчиња пред парламентот
Фотографија: Florion Goga/REUTERS

Пратениците од албанската десничарска опозиција ги исфрлија своите столчиња од парламентот во Тирана и ги запалија во знак на протест против затворската казна за нивниот колега Ервин Салијањи.

Салијањи, кој е член на најголемата опозициска Демократска партија, минатата недела беше прогласен за виновен за давање лажна изјава во случај со трговија со дрога, во кој се работеше за брат на пратеник од владејачката Социјалистичка партија. Судиите се сомневаат дека некои членови на опозицијата произвеле лажни тонски снимки.

Опозицијата го опиша апсењето и осудата на Салијањи како „слеп чин на одмазда и политички терор против Демократската партија“ и го обвинија ремиерот Еди Рама дека стои зад сето тоа. „Ќе ја продолжиме борбата против Рама, кој е единствено одговорен за оваа ситуација“, изјави шефот на пратеничката група на Демократската партија, Газменд Барди.

Рама ја поздрави пресудата на судот во случајот за којшто рече дека ја „шокирал“ јавноста.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми