1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
РелигијаСаудиска Арабија

Автобуси во Мека

27 јуни 2023

Стотици автобуси спремно чекаат на периферијата на Мека за да ги пренесат луѓето дојдени на аџилак во светиот град на муслиманите.

Мека, Саудиска Арабија аџилак
Автобуси за превоз на аџиите во Мека, Саудиска АрабијаФотографија: Saudi Press Agency/Handout via REUTERS

Властите во Саудиска Арабија очекуваат на годинешниот аџилак да се соберат повеќе од два милиони муслимани од целиот свет. Тоа би бил најголем аџилак откако по пандемијата на коронавирус настанот мораше драстично да биде намален. Ланската година во Мека се собраа речиси еден милион аџии, во споредба со само 59.000 во 2021 година. Аџилакот е еден од петте столбови на исламот и се очекува секој муслиман да го изврши еднаш во животот, доколку има можност.

Верниците во светиот град вршат неколкудневни ритуали, следејќи го патот на последниот аџилак на пророкот Мухамед. 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми