ОпштествоРусија
Бакнеж со срце стегнато од страв
29 септември 2022Реклама
Двајцата млади Руси еден од друг уште ги дели само оградата на регрутниот центар во Санкт Петербург. Тоа може наскоро да се смени – мажот од другата страна на оградата многу наскоро може да биде испратен во војната во Украина, која во Русија не ни смее да се нарекува војна, туку се нарекува „специјална воена операција“. За да ја избегнат таквата судбина, од почетокот на делумната мобилизација, Русија веќе ја напуштија стотици илјади мажи.