Берлин свети
6 октомври 2023Реклама
Фестивалот на светлата во Берлин е еден од најголемите фестивали од ваков вид во светот на кој учествуваат бројни меѓународни уметници. Денеска започнува неговото 19-то издание. Ден претходно имаше проба на која, меѓу другото, Бебелплац беше осветлен во силни бои. Светлосните инсталации на зградите во Берлин можат да се видат до 15 октомври. Осветлени ќе бидат споменици, згради, улици, плоштади, туристички атракции и градски квартови.
За време на десетте фестивалски вечери, многу музеи и културни институции ќе бидат отворени до доцна во ноќта. Настанот ќе биде надополнет со бројни концерти, перформанси и изложби низ градот.