Бура во Германија и Холандија
6 јули 2023Реклама
Пад на дрвја откорнати од силни оркански ветрови, налик на урагански, со брзина до 130 километри на час, предизвика бројни акции на противпожарните служби, како и ограничувања во железничкиот и авионскиот сообраќај во Германија, претежно во северниот и северозападниот дел и во северот на Холандија.
Во германската покраина Долна Саксонија во градот Реде 64-годишна жена смртно настрадала од паднато дрво при прошетка со своето куче. Во Харлем во Амстердам 51-годишна загинала кога дрво паднало врз нејзиниот автомобил.