Честит 11 Октомври - Денот на народното востание!
11 октомври 2022Одбележувањето на 11 Октомври годинава се одвива под мотото „Секогаш на вистинската страна“, а централниот настан ќе се одржи пред Спомен-костурницата во Куманово. Се очекува обраќање да има македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Празникот ќе се одбележи и во Прилеп, пред споменикот „Методија Андонов - Ченто“.
На 11 октомври 1941 година, Првиот прилепски партизански одред го нападна бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, а следниот ден се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.
Од првите партизански одреди кои ја почнаа борбата, Народноослободителната војска на Македонија на крајот од четиригодишната војна прерасна во 110-илјадна армија. Повеќевековните идеали за основање македонска држава се оживотворени со одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.