1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Честит Божик!

7 јануари 2023

Македoнските православни верници денеска го слават Христовото раѓање. Во сите храмови на Македонската православна црква – Охридска архиепископија со биење на камбаните и со литургии се прославува Божик.

Православен Божик во Македонија
Православен Божик во МакедонијаФотографија: Getty Images/AFP/R. Atanasovski

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г. г. Стефан во своето Божиќно послание до верниците истакнува:

„Со доволни грижа и посветеност да ги сакаме и да ги почитуваме: Татковината, историјата, културата, јазикот и сета свештена и национална оставнина од нашите предци. А, во овие времиња-невремиња, во коишто владеат многубројни искушенија и предизвици, да се покажеме доследни следбеници на Христа новородениот – како мирољупци и миротворци, како богољупци и човекољупци."

И македонскиот претседателот Стево Пендаровски упати честитка до сите граѓани кои денеска го прославуваат денот на Христовото раѓање, во која порачува:

„Токму за големиот празник исполнети со вера и надеж да ја вратиме самодовербата и оптимизмот и да работиме посветено на остварување на нашите цели. Светлината на Божиќ нека се всели во нашите домови и нека донесе просперитет во нашите семејства, во нашите соседства, во пошироката заедница, во целото општество. Да си даруваме почит и внимание, да бидеме грижливи и солидарни и да си ја чуваме татковината."

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми