1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Честит Илинден!

2 август 2024

Македонските граѓани денеска прославуваат 121 година од Илинденското востание и прогласувањето на Крушевската Република, како и 80 години од Првото заседание на АСНОМ.

македонски гардиски македонско знаме
Фотографија: MIA

По повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, претседатeлката Гордана Сиљановска Давкова, во Пелинце, ќе положи свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ, ќе има обраќање и ќе ја посети спомен собата во Меморијалниот центар. Во рамки на чествувањето ќе настапи ансамблот за народни игри и песни „Танец”.

Потоа, во манастирот „Св. Прохор Пчински“, претседателката Сиљановска Давкова ќе положи свежо цвеќе пред спомен-плочата на АСНОМ. Во манастирот треба да биде пречекана од страна на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ.

На чествувањето на Илинден во Крушево ќе присуствува премиерот Христијан Мицкоски, кој ќе положи цвеќе на горобот на Никола Карев, на споменикот Слива и на Мечкин Камен, а ќе има и обраќање пред присутните граѓани.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми