1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ОпштествоФранција

Дремка

24 февруари 2024

Пред отворањето на 60. меѓународен земјоделски саем во Париз, овој фармер легнал малку да одмори покрај своите крави спремни за изложба.

Земјоделец во Франција
Земјоделец во Франција пред земјоделскиот саем во ПаризФотографија: Dimitar Dilkoff/AFP

Меѓународниот земјоделски саем во Париз годинава е во знак на протестот на земјоделците. Без оглед на ветувањата за големи отстапки на владата во однос на нивните барања, земјоделците со десетици трактори пред почетокот на земјоделскиот саем, кој почнува денеска и ќе трае до 3 март, го блокираа сообраќајот во француската престолнина. Полицијата  ги отстранува блокадите.  По демонстрациите во изминатите денови на делумно и до 10.000 земјоделци, владата им вети помош до 400 милиони евра, истакнувајќи дека тоа ќе остане нејзин приоритет.  Земјоделците се жалат  на сѐ пониски приходи, еколошки прописи од Брисел и според нив, преголеми давачки.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми