ПанорамаВенецуела
Еколошки мурал
19 август 2022
Реклама
Венецуеланскиот уметник Оскар Оливарес на Твитер објави дека изработката на најголемиот еколошки мурал во светот се одвива извонредно. Муралот треба да ја разубави авенијата Антонио Мачадо во градот Гуатире и Оливарес притоа има помош од 500 локални волонтери.
Според уметникот, делото ќе биде изработено од најмалку 300 илјади пластични капачиња, ќе биде долго 90 и високо три метри. Муралот треба да биде готов за околу четири месеци и на крајот да добие место во Гинисовата книга на рекорди, како најголем мурал од пластични капачиња во светот. За неговиот претходен мурал во сојузната држава Тахира, Оливарес употреби 20 илјади пластични капачиња.