Енергетска криза
14 септември 2022Реклама
Големиот скок на цените на гасот и струјата доведуваат во финансиски тешкотии голем број луѓе во Германија. Сојузот на социјалните здруженија ВдК и СиВД, Германскиот сојуз на потстанари и сојузот на народни кујни бараат одржување социјален самит и оценуваат дека многу луѓе во земјата се плашат од иднината.
Над два милиона луѓе редовно бараат помош во храна од народните кујни. Германија одамна е во ургентна ситуација, предупредуваат социјалните здруженија.