Ерупција на вулкан на Исланд
30 мај 2024Реклама
По големиот број земјотреси во регионот и огромниот притисок кој владееше под земја, еруптираше вулкан северно од Гриндавик. Лавата се исфрла на неколку метри височина, информираа исландските медиуми. Претходно беше извршена евакуација на туристичката атракција во регионот, Сина Лагуна.