ФудбалГерманија
Германија во поход кон титулата европски првак
20 јуни 2024![еуро 2024 | германија против унгарија | германски навивачи](https://static.dw.com/image/69417205_800.webp)
Реклама
Германската фудбалска репрезентација се пласираше предвреме во осминафиналето од Европското првенство. Тимот на селекторот Јулијан Нагелсман вчера (19.06) во Штутгарт ја победи Унгарија со 2:0. Германските фудбалски фанови се сигурни дека со нивна поддршка, националниот тим може да ја освои четвртата титула европски првак. Германците досега го имаат трипати освоено европскиот трофеј - во 1972, 1980 и 1996 година.