ПанорамаОбединети Арапски Емирати
Големи поплави во Дубаи
17 април 2024![Поплави во Дубаи](https://static.dw.com/image/68845192_800.webp)
Реклама
Големото невреме кое го зафати Дубаи за само неколку часа донесе дожд колку за година и половина. Поплавени се главните сообраќајници и аеродромот. Поради тоа мораа да бидат пренасочувани летови.
Големите дождови кои ги зафатија Обединетите Арапски Емирати и делови на Катар и Бахреин предизвикаа поплави. Во Оман, во неделата и понеделникот (14/15.04) во невремето загинаа 18 лица.
Метеоролозите и за денеска (17.04) најавуваат бури, па училиштата во Обединетите Арапски Емирати веројатно ќе останат затворени.