1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гробишта за телефонски говорници

СН/дв
21 јануари 2023

Со децении, жолтите а подоцна кабините во магента боја беа неизоставен дел од уличната слика во Германија. Но, во меѓувреме телефонските говорници ги прегази времето. Сега ќе бидат исклучени и последните јавни телефони.

Deutschland Telekom schaltet letzte Telefonzellen ab
Фотографија: Karina Hessland/IMAGO

Од ноември 2022 година во јавните телефонски кабини не може да се плаќа со монети, а на крајот на јануари 2023 година германскиот Телеком ја укинува можноста и за плаќање со телефонска картичка. Она што веројатно би довело до револтирани протести пред неколку години, главно се прифажа рамнодушно во ерата на мобилните комуникации и смартфоните.

Телеком уште пред овој  дефинитивен крај за телефонските говорници во Германија започна со отстранување на говорниците од улиците. Од  крајот на 2021 година тие завршуваат на своeвидни гробишта за телефонски говорници како овие на фотографијата кои се наоѓаат во местото  Михендорф во покраината Бранденбург.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми