Летото заминува, стигнува „индијанско лето“ или „златен октомври“, со раскошни бои во природата.
Фотографија: Robert F. Bukaty/AP Photo/picture alliance
Реклама
Летото заминува, стигнува „индијанско лето“ или „златен октомври", со раскошни бои во природата.
Кога ќе падне првиот снег во Нова Англија, кога почвата е доволно влажна, а преку ден сјае сонце, јаворот ја менува бојата на својата одора. Бујната зелена крошна се претвора во блесакаво црвена. Овде во Бриџтон, во американската сојузна држава Мејн, започнува ова посебно годишно доба, кое таму се нарекува и „индијанско лето".
Есента е едно од најубавите годишни времиња за фотографирање на природата. Ви нудиме преглед на најдобрите можности за екскурзија и фото мотиви во Германија, од Алпите до морскиот брег и од шумите до езерата.
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Rehder
Романтичниот Риген
На почетокот на есента првите листови веќе се пожолтени во националниот парк Јазмунд. Еден од белезите на прошетката е погледот од карпестиот предел кој стана познат по славната слика од 19. век на германскиот уметник Каспар Давид Фридрих. Островот на Балтичкото море нуди безброј прекрасни пејзажи.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Büttner
Преселбата на птиците над Балтичкото Море
Секоја година десетици илјади жерави минуваат на балтичкиот брег подготвувајќи се за долгиот пат кон јужна Европа. Илјадници туристи доаѓаат да ја видат импресивната глетка.
Фотографија: picture-alliance/dpa/J. Büttner
Спокојството на Зилт
Бројните туристи веќе се заминати од Северното Море на почетокот на есента. Ова е одличен период во годината за уживање во мирна прошетка покрај некоја од бројните плажи на островот.
Фотографија: picture-alliance/dpa/A. Warmuth
Палатата во Потсдам
Прошетајте низ градините на палатата Сансуси и ќе ги забележите градинарите како забрзано се подготвуваат за зимската сезона. Прускиот крал Фридрих II палатата ја користел само налето затоа што немала греење.
Фотографија: picture-alliance/dpa/R. Hirschberger
Природата во Хесен
Националниот парк Келервалд-Едерзе ги привлекува посетители и во зима поради своите златни крошни. Паркот во близина на Касел е прогласен за Светско наследство од УНЕСКО во 2011 година заедно со уште четири други шумски региони.
Фотографија: picture-alliance/dpa/U. Zucchi
Посета на Саксонија
Планинскиот масив Елбзандштајн во близина на Дрезден е популарен меѓу авантуристите и планинарите наесен. Масивот го карактеризираат интересни карпести предели кои се издигнуваат од двете страни на реката Елба.
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Hiekel
Есенска магла во регионот на Таунус
Планината Фелдберг се издигнува над маглата и ниските облаци во регионот Таунус наесен. До неа може да се стигне од Франкфурт со јавен превоз за 40 минути. Популарна е за планинарски екскурзии како кај локалците така и меѓу туристите.
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Roessler
Гроздобер на езерото Констанц
Ова е еден од најсончевите региони во Германија каде можат да се најдат извонредни вина. Популарна туристичка дестинација е манастирското лозје и познатата барокна црква во Бирнау. Привлекува околу половина милион посетители секоја година.
Фотографија: picture-alliance/dpa/F. Kästle
Планинарење во подножјето на Алпите
Есента во Баварија не е само Октоберфест во Минхен. Тоа е одличен период во годината за планинарење и пешачење во подножјето на Алпите. Езерата и шумите околу Минхен се уште една одлична дестинација, исто како и мочуриштата.
Има безброј места за посета во Германија наесен каде можете да направите одлични фотографии, на пример во паркот Бајројт. Светлината и боите се радост за сите сетила откако ќе огрее сонцето. Одличен начин да се избега од есенската депресија и од сивото секојдневие.