ПанорамаКина
Кинески „Дизниленд“ на мраз
27 декември 2024Реклама
Ако сакате шарени работи, фестивалот на мраз и снег во Харбин е вистинското место за вас. Таму се одржува по 26-ти пат и се смета за најголемиот фестивал на мраз во светот. Градот Харбин во североисточна Кина - дури и ако можеби не е познат низ целиот свет - не е мал град. Впрочем, има околу десет милиони жители.
Привремениот забавен парк малку потсетува на Дизниленд - но само навечер. Доколку остане доволно ладно, паркот ќе остане отворен до февруари. Но, тогаш сè е готово - до следната зима.