1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КлимаИндија

Клима на мопед – Индија во една слика

25 мај 2024

Луѓе на мопед пренесуваат клима уред во индискиот милионски град Ахмедабад, на западот на земјата.

Индија клима уред
Луѓе на мопед пренесуваат клима уред во индискиот милионски град АхмедабадФотографија: Amit Dave/REUTERS

Овие денови температурата во Индија редовно изнесува 45 степени, повремено достигнува и до 50 степени Целзиусови.

Од високите температури се погодени големи делови на Јужна Азија, од Шри Ланка преку Пакистан до Индија.

Сериозноста на ситуацијата ја покажува и апелот на Светската организација на ОН за заштита на децата, УНИЦЕФ, кој предупреди на посебните здравствени ризици за новороденчињата и малите деца. Тие не можат толку добро да се прилагодат на жештините како возрасните, истакна Санџаи Висјесекера, регионална директорка за Јужна Азија.

Властите очекуваат топлотниот бран да трае и следната недела. Експертите сметаат дека една од причните за рекордните високи температури е и промената на климата.

 

 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми