1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Крикот на Саутгејт

11 јули 2024

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, славенички се „празни“ од напнатоста по натпреварот против Холандија.

Герет Саутгејт, селектор на Англија
Герет Саутгејт, селектор на АнглијаФотографија: Friso Gentsch/dpa/picture alliance

Герет Саутгејт прво најгласно што може ја покажа своја радост и олеснување по полуфиналниот натпревар против Холандија на ЕУРО 2024, а потоа пред новинарите се презентираше сосема опуштено. По неколкунеделни критики, па дури и фрлање чаши од своите навивачи, селекторот на Англија почувствува малку задоволство во Дортмунд. Англија е повторно во финалето на едно европско фудбалско превнство, повторно има шанса за прв триумф по 1966 година.

„По втор пат сме во финалето. Ова сè уште не е крајот. На навивачите им приредуваме вечери кои го одземаат здивот. Им ги даваме најдобрите вечери во последните 50 години“, рече Саутгејт со доза на пркос по победата на Англија против Холандија со 2:1. Претходно тој го смени капитенот Кејн и во игра го стави Оли Воткинс, кој го постигна решавачкиот гол за победа. По многуте критики на сметка на репрезентацијата и селекторот од различни страни, англиските експерти одеднаш зборуваат за „перфектни замени“ и нагласуваат дека тренерот заслучува „целосна почит“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми