1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ледено божикно капење

СН/дв
26 декември 2022

Со црвени божикни капчиња на главата, десетици ентузијасти од Берлин ѝ останаа верни на традициjата за капење во езерото Оранке на Божик и покрај тоа што температурата на водата изнесуваше само еден Целзиусов степен.

BdTD Deutschland | Weihnachtsbaden der Berliner Seehunde im Orankesee
Фотографија: Christophe Gateau/dpa/picture alliance

Традиционалното божикно капење на првиот празничен ден го организираше здружението „Берлински фоки“. Облечени претежно во црвени костими за капење, и со црвени капчиња на главите членовите на здружението се капеа во езерото Оранке, кое во најголем дел сѐ уште беше прекриено со тенок слој од мраз. Капење на првиот божикен ден е традиција  не само меѓу „Берлинските фоки“. И во германската покраина Бранденбург луѓето се среќаваат на Божик на заедничко капење во езерата. Во Германија и ширум светот денеска се прославува вториот ден од Божик според Грегоријанскиот календар. Честит празник!

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми