Музеј на бирократијата
23 мај 2024Германската бирократија им одзема многу време - и на компаниите и на граѓаните. Многу услуги, како што е барањето за возачка дозвола или за лична карта, бараат лични состаноци во канцелариите. А, закажувањето термин често е само прашање на среќа.
Иницијативата за нова лобистичка пазарна економија (ИНСМ) создаде привремен музеј од 350 квадратни метри во Берлин посветен на германската бирократија.
ИНСМ е лобистичка организација која ја финансираат здруженија на работодавачи во металната и електроиндустријата. И тие веќе подолго време водат кампања за помалку бирократија во економијата.
Според одговорните во музејот, за канцелариски термини се трошат во просек два часа и 21 минута. Се вели дека малите и средните бизниси трошат околу 13 часа неделно за подготовка на документи за властите.
Во споредба со другите европски земји, Германија доцни кога е во прашање дигитализацијата на власта и на администрацијата. Многу документи сè уште се испраќаат по факс.