1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаИндија

На работа со преполн воз

3 февруари 2023

Патници во пренатрупан воз во близина на железничката станица во Газиабад, на периферијата на Њу Делхи.

Вообичаена глетка во Индија
Вообичаена глетка во ИндијаФотографија: Anushree Fadnavis/REUTERS

Овие патници се главно луѓе кои патуваат до работното место. Сосема нормален ден на железничките шини во Индија. Возовите во земјата дневно пренесуваат по околу 23 милиони луѓе.

Индиската железница е најважното превозно средство. Со оглед на тоа што има четири до пет класи на вагони, дури и луѓето со ниски примања можат да си дозволат возење на долги релации. Затоа, местата во возовите се резервирани со месеци однапред, а вагоните со најповолни цени се хронично преполни. Често доаѓа до несреќи. Според некои статистики, во Индија дневно во несреќи на шините гинат во просек по 40 луѓе.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми