1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
СпортТурција

На жица од Европа до Азија

СН/агенции
17 септември 2024

Eкстремниот спортист Јан Росе е познат по своите смели подвизи. Сега овој 32-годишник на слеклајн го премина турскиот Босфорски теснец - никој не се осмелил да го стори тоа пред него.

BdTD Türkei | Slackline über den Bosporus
Фотографија: Emrah Gurel/AP Photo/picture alliance

Естонецот Јан Росе на сајла го помина турскиот Босфорски теснец, кој ја дели Европа од Азија. Авантуристот е првиот човек кој ја совлада оваа пречка меѓу два континента користејќи слеклајн.

Росе во неделата помина 1.074 метри на слеклајн. Спортистот балансираше на височини до 165 метри 47 минути. Босфорот минува низ градот Истанбул.

Росе е трикратен светски шампион во слеклајн. Има и бројни светски рекорди. Неодамна тој беше првиот кој пеш го премина Месинскиот теснец - на 3.646 метри долг слеклајн. Овде балансира преку Босфорот, внатрешната граница на Турција меѓу Азија и Европа. Досега никој никогаш не ја поминал границата меѓу континентите на сајла.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми