1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Природа и животна срединаСоединети Американски Држави

Небото гори

СН/дв
9 ноември 2024

Вп Калифорнија повторно горат шуми. Во гаснењето на големите шумски пожари во областа Вентура учествуваат и десетици противпожарни хеликоптери. Но огнената стихија брзо се шири поради злогласните ветрови Санта Ана.

USA Kalifornien | Waldbrand in Südkalifornien
Фотографија: Ethan Swope/AP/dpa/picture alliance

Таканаречениот „планински пожар“ во близина на градот Камарило (околу 80 километри северозападно од метрополата Лос Анџелес) беснее на површина од повеќе од 40 квадратни километри и веќе принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови. Повеќе од 10.000 луѓе се евакуирани на безбедно пред налетот на огнената стихија. Противпожарната служба на округот Вентура зборуваше за „многу опасен“ пожар. Загрозени се над 3.500 куќи и деловни објекти во погодениот регион.

Властите предупредуваат на силните ветрови наречени Санта Ана, кои се појавуваат особено во есен и во зима во Јужна Калифорнија: Сувите ветрови ја зголемуваат екстремната опасност од пожари. На ова се придодаваат актуелните летни температури во регионот и сувата вегетација која е лесно запалива. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми