1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ниту капка дожд на повидок

СН/дв
24 август 2022

Недостигот на дожд станува голем проблем во бројни региони во Германија. Земјата е сува. Жетвата во опасност. Впрочем како и во голем дел од Европа, кој се соочува со најголемата суша во последните 500 години.

BdTD Deutschland | Sachsen am Morgen
Фотографија: Hendrik Schmidt/dpa/picture alliance

Капки дожд на цвет на роза во германската покраина Саксонија. Ова е навистина ретка глетка во земјата во последниве месеци. Во некои региони во Германија неодамна повторно врнеше. Сепак, тоа не е доволно. Почвата е сè уште сува, жетвата на летните култури и натаму е под ризик. Летото 2022 година би можело да биде најсувото лето од 1881 година. 

Според експертите на ЕУ,  актуелната суша во Европа е веројатно најлоша во последните половина милениум. Во последниот извештај, истражувачите посочуваат дека речиси половина од континентот е во опасност од суша. Дополнително, состојбата е веќе алармантна на 17 отсто од територијата на Стариот континент. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми