1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нова ерупција на Етна – проблеми за аеродромот во Катанија

5 август 2024

Аеродромот во сицилијанскиот град Катанија драстично го намали слетувањето и полетувањето на авиони по новата ерупција на вулканот Етна.

Нова ерупција на вулканот Етна во Италија
Нова ерупција на вулканот Етна во ИталијаФотографија: Giuseppe Distefano/Etna Walk/AFP/Getty Images

По привременото затворање во неделата, работата на аеродромот во Катанија повторно се одвива, но можно е анулирање на летови или нивно доцнење, соопштија од управата на аеродромот Катанија-Фонтанароса.

Италијанскиот национален институтот за геофизика и вулканологија извести за десет километри високи облаци од чад и силна вулканска активност на Етна со исфрлање лава во неделата утрото.

Етна, со висина од 3324 метри, е најголемиот активен вулкан во Европа. Во јули, главниот аеродром Катанија на Сицилија, веќе два пати мораше да биде затворен поради ерупции на Етна. Преку овој аеродром годишно стигнуваат околу осум милиони патници на одмор во источниот дел од Сицилија. Островот во Средоземното Море е една од најомилените туристички дестинации во Италија. 

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми