КонфликтиУкраина
Огништа за топол оброк за граѓаните на Херсон
2 декември 2022![Херсон, Украина, Русија, војна](https://static.dw.com/image/63960729_800.webp)
Реклама
По најновите бомбардирања од страна на руската војска, градот е повторно без струја, трескавично се работи на поправка на електричната мрежа, соопшти регионалниот гувернер.
Само пред неколку дена во Херсон повторно профункционира снабдувањето со електрична енергија. На почетокот на ноември украинските сили го ослободија градот и околните места по повеќемесечната руска окупација.
При повлекувањето на другата страна на реката Дњепар, руските трупи ја онеспособија целата витална градска инфраструктура. Херсон беше единствениот регионален главен град што беше заземен од Русија по нејзината инвазија врз Украина на 24 февруари.