1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Октоберфест и коронавирус

ЖА /ДВ
27 септември 2022

Минхенскиот Октоберфест се одржува без заштитен концепт против корона, „правилото 3 Г3“ го има само уште на медените срца. Но, се чини дека самиот натпис не штити од зараза во панаѓурските шатори каде се точи пиво.

BdT I Oktoberfest - Wiesenherzen
Фотографија: Felix Hörhager/dpa/picture alliance

Короната остави траги дури и на медените срца, кои традиционално се продаваат на Октоберфест. Наместо вообичаеното „Ich liebe dich"  (Те сакам), на ова срце стои натпис: „Geimpft, getestet, genesen", односно т.н. пандемиско „правило 3 Г“ – „вакциниран, тестиран, прележан.“

Октоберфест - назад во времето

00:40

This browser does not support the video element.

Пред една година „правилото 3 Г“ беше услов да се учествува на некоја масовна манифестација, но годинава на  Октоберфест  не важат никакви ограничувања од ваков вид. За некои гости меѓутоа се чини дека медените срца не се единственото што го понесуваат од Октоберфест – во Баварија ковид инциденцата расте многу побрзо отколку во остатокот од земјата. Октоберфест во  баварската престолнина Минхен се одржува од 17 септември до 3 октомври.

Како да си заминете од Октоберфест?

01:12

This browser does not support the video element.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми