1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
СпортФранција

Олимписка дисциплина на другата страна на светот

СН/агенции
26 јули 2024

Натпреварите во сурфање на Олимпијадата во Париз ќе се одржат на 16 илјади километри оддалеченост од француската престолнина. Сурфери од целиот свет на пацифичкиот остров Тахити се подготвуваат за стартот на Игрите.

Paris Olympia 2024 | Surftraining auf Tahiti
Фотографија: Ben Thouard/Pool/REUTERS

Одбројувањето започна: Остануваат само уште неколку дена пред светските сурферски ѕвезди да ги покажат своите вештини на легендарните бранови на брегот на Тахити и да се борат за медали на Олимписките игри.

Олимписките натпреварите во сурфање во 2024 година ќе се одржат на островот кој е дел од француската прекуморска територија Француска Полинезија. 

Зошто беше изберна локацијата среде Јужниот Пацифик кога има неколку легендарни локации за сурфање на францускиот брег на Атлантикот? Причината е едноставна: условите пресудија. Имено, Хосегор, Лаканау или Бијариц можат да понудат прекрасни услови за сурфање, кои едноставно се премногу ретки во лето. Високата сезона за сурфање таму е во септември и во октомври, а брановите обично стануваат навистина големи само во зима. Затоа Тахити се вистинскиот избор со оглед дека шансите за големи бранови во јули и во август таму изнесуваат околу 60 проценти. 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми