1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Пеколни горештини во Пакистан

29 мај 2024

Спас од пеколната горештина - разладување под цевка за вода од канал во Пешавар, Пакистан.

Пакистан топлотен бран
Спас од горештините во ПакистанФотографија: Fayaz Aziz/REUTERS

Пакистан е среде топлотен бран и страда од огромни горештини, а за јуни се предвидуваат уште два топлотни брана. Температурите во некои делови од земјата се движат до 50 степени Целзиусови. Илјадници луѓе се примени во болница поради симптоми на топлотен удар. Поради високите температури има и прекини на струјата до 15 часа на ден, бидејќи потрошувачката на електрична енергија за вентилаторите и клима-уредите далеку го надминува производството. Поради екстремните горештини, пакистанските власти го поместија летниот распуст за половина од учениците за една недела порано.

Поради климатските промени, секоја година во Пакистан умираат стотици луѓе. Земјата релативно малку придонесува за глобалните емисии на ЦО2. Во летото 2022 година, Пакистан доживеа тешки поплави што зафатија една третина од земјата и однесоа 1.700 животи. Азија, како што се вели во априлскиот извештај на Светската метеоролошка организација (WMO), се загрева побрзо од глобалниот просек.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми