1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаБразил

Победничка фризура во Бразил

18 декември 2024

Ова е победничката фризура на натпреварот на берберите во Рио де Жанеиро.

Рио де Жанеиро натпревар на бербери
Фотографија: Aline Massuca/REUTERS

На натпреварот за најдобра фризура, кој се одржува секоја година, учествуваа околу 90 бербери. Тие на огромни горештини и проследени со бразилска музика работеа во парк во населбата Мадуреира, во Рио де Жанеиро. Нивни модели беа волонтери. Берберите се обидоа да го дадат најдоброто од себе и да создадат стилови со апстрактни дизајни, или пак полни со детали.

„Пред десет години берберите беа нешто што му припаѓа на времето на мојот дедо, никој не веруваше во оваа професија“, вели Ерика Нунес, креаторка на настанот. „Битката на берберите настана за да се вреднува оваа професија“, додава таа.

По над една деценија од почетоците, натпреварот се зацврсти како традиција во предградијата на Рио, привлекувајќи бербери од цел Бразил, па дури и од соседните земји.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми