1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиЕвропа

Поплави од библиски размери во Централна Европа

16 септември 2024

Драматична ситуација поради поплавите во Европа - најмалку осум лица загинаа во Романија, Австрија и Полска, четворица биле однесени од надојдените води во Чешка и оттогаш се водат како исчезнати.

Поплави Романија
Поплави во Романија, Галати - спасувач евакуира жена од едно село носејќи ја на грб Фотографија: Galati Romanian Emergency/dpa/picture alliance

Ситуацијата и понатаму е тензична во соседните земји на Германија - Австрија, Полска и Чешка, кои се погодени од поплави. Поројниот дожд поплави цели области во овие земји за време на викендот, а најмалку осум лица загинаа во поплавите до неделата вечерта. Уште четири лица се водат како исчезнати во Чешка. Илјадници луѓе мораа да бидат евакуирани, стотици илјади останаа без струја, а патиштата и железничките линии мораа да бидат затворени. Брани се закануваат да се излеат, реките ги поплавуваат коритата, во многу региони е прогласена вонредна состојба.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми