1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаСоединети Американски Држави

Поплави во Калифорнија

10 јануари 2023

Евакуација во Санта Барбара поради опасност од лизгање на земјиште - Макс Барнет тоа го прави на штица за сурфање.

Поплави во Калифорнија
Поплави во КалифорнијаФотографија: Erica Urech/REUTERS

Во американската сојузна држава Калифорнија со денови паѓа огромен дожд. Досега животот го загубија најмалку 12 лица. Вчера од жителите на повеќе места беше побарано да ги напуштат домовите поради опасност од лизгање на земјиштето. Голем дожд се најавува и за наредните денови.

Вакво време не е невообичаено за калифорниската зима, но Калифорнија повеќе од две децении страда од суши, кои се поволни за избувнување пожари. Онаму каде што поради пожарите веќе нема вегетација, дождот речиси не може да пропадне во земја, што пак може да биде причина за лизгање на земјиштето.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми