1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Последниот германски рудар“

14 декември 2024

Пред шест години беше затворен „Проспер Ханиел“ во Ботроп, последниот рудник за јаглен во Германија. Поранешниот рудар Јирген Јакубајт прави сѐ за да не се заборави рударството во Германија.

Поранешниот рудар Јирген Јакубајт
Поранешниот рудар Јирген ЈакубајтФотографија: Federico Gambarini/dpa/picture alliance

Поранешниот рудар Јирген Јакубајт работи во рудникот за обука Реклингхаузен, каде постои оригинална градежна копија на рудник за јаглен. Тој прави сѐ за да се погрижи рударството да остане во сеќавањето на луѓето. Јирген Јакубајт сега слегува во рударската јама, каде ги води посетителите низ мрачните тунели и им покажува колку тешка била работата тука. „Ако не го правиме ова, за десет години никој нема да знае што е рударство“, вели Јирген. Во 2018 година беше затворен последниот германски рудник за јаглен „Проспер Ханиел" во Ботроп. Јакубајт тогаш го изнесол последното парче јаглен од тој рудник и симболички го предал на тогашниот претседател на државата.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми