1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Природа и животна срединаСоединети Американски Држави

Превентива од пожари

4 јули 2024

Канадер исфрла средство против пожар на куќа во Калистога. Поради жештините, во цела Калифорнија на сила е предупредување од можни пожари. Некои населби се веќе евакуирани.

Канадер исфрла средство против пожар на куќа во Калистога, Калифорнија, САД
Канадер исфрла средство против пожар на куќа во Калистога, КалифорнијаФотографија: Josh Edelson/AFP/Getty Images

Она што овде изгледа толку шарено е обид да се спаси она што може да се спаси. Во американската сојузна држава Калифорнија на многу места се гасат шумски пожари. Причината за ова е силен топлотен бран.

Калифорнија страда од екстремни горештини. Оваа недела во главниот град Сакраменто температурата може да достигне и до 46 степени Целзиусови. А жештината носи можности од шумски пожари, како овде во Калистога во округот Напа. Во округот Бут, 13.000 луѓе мораа да ги евакуираат своите домови поради шумски пожар. Според науката, зголемувањето на природните катастрофи како горештините и шумските пожари е резултат на климатските промени.

 

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми