Првомајски демонстрации во Германија – главно мирни
2 мај 2024Реклама
Повеќе од 20.000 луѓе на 1 мај учествуваа на левичарските и левичарско-радикалните демонстрации, првенствено во Берлин и Хамбург. Полицијата беше присутна во засилен број за да спречи можни нереди во текот на ноќта. Во текот на денот инаку се одржаа традиционалните демонстрации на синдикатите, со барање за поголема социјална праведност, на кои речиси немаше никакви инциденти.