1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Расцветана пустина

ЖА
13 јули 2024

Море од цвеќиња среде зима: Атакама во Чиле, најсувата пустина во светот, блесна во цветен сјај по врнежите од дожд.

Расцветана пустината Атакама во Чиле
Расцветана пустината Атакама во ЧилеФотографија: Patricio Lopez Castillo/AFP/Getty Images

Неодамнешните дождови предизвикаа најсувата пустина во светот да цвета со бујна раскош: пустината Атакама во северниот дел на Чиле наликува на распослан тепих со виолетови цвеќиња - невообичаено рано во годинава.

Единаесет до дванаесет милиметри дожд што паднаа во април, во комбинација со ниски облаци, помогнаа „да се активираат овие растенија“, објасни Цезар Пизаро од чилеанската шумска управа за новинската агенција АФП.

Расцветаната пустина Атакама е добро познат временски феномен, но обично се јавува само од септември. Пустината Атакама не процветала вака рано уште од 2015 година. Сегашното цветање опфаќа приближно 300 до 400 квадратни километри. „Пустината што цвета“ се случува секоја година во септември, а обично зафаќа површина од околу 15.000 квадратни километри. Во зенитот, цветаат повеќе од 200 видови растенија. Во сегашниот феномен, сепак, речиси исклучиво е застапена „гуанако шепата“ - светло виолетовиот цвет кој речиси не бара вода.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми