1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Робот - „доктор“ за лалиња

СН/агенции
20 март 2024

Ова поле со лалиња изгледа прекрасно на првиот ден од пролетта. За „здравјето“ на цвеќињата деноноќно се грижи роботот Тео.

BdTD Niederlande | Tulpenroboter
Фотографија: Peter Dejong/AP Photo/picture alliance

Тео работи на работни денови, на викенди, дури и ноќе и никогаш не се жали на болки во 'рбетот и покрај тоа што од час во час извршува задачи, кои за секој земјоделец би биле неизмерно тешки, проверувајќи ги полињата со холандски лалиња во потрага по болни цвеќиња во Нордвајкерхаут, Холандија. Коцкестиот робот, именуван по поранешен вработен во цветната фарма ВАМ Пенингс во близина на холандскиот брег на Северното Море, е ново високотехнолошко оружје во битката за искоренување на болестите од полињата со лалиња, додека тие цутат во раскошни пролетни бои.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми