1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиГерманија

Руски тенк пред руската амбасада во Берлин

24 февруари 2023

Уништен руски тенк од типот Т-72 од рано изутринава стои пред руската амбасада во Берлин.

Уништен руски тенк пред руската амбасада во Берлин
Уништен руски тенк пред руската амбасада во БерлинФотографија: Julius-Christian Schreiner/dpa/picture alliance

Уништениот тенк треба да потсети на годишнината од руската инвазија на Украина. Тој неколку дена пред руската амбасада во главниот град на Германија ќе служи како споменик против војната. Според активистите кои ја иницираа акцијата, рускиот тенк од типот Т-72 бил уништен во првите денови од војната,во близина на Киев, од страна на украинска противтенковска мина.

Тенк и кран заедно би биле претешки за подземната локација во близина на дотраениот тунел на подземната железница кој се протега тука. Затоа, тенкот не се истоварува, не се користи кран. Тој ќе остане на камионската приколка на која се тркалаше низ Полска.

„Овој тенк треба да биде знак на нашиот протест против војната на Русија и да ја изрази нашата солидарност со Украина“, вели иницијаторот Виланд Гибел.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми