1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
СпортФранција

Сигурен погодок на Олимпијадата

1 август 2024

Kошаркарски фан на Олимписките игри во Париз кој секогаш постигнува сигурен погодок!

Олимписки игри во Франција кошаркарски фан
Фотографија: Angelika Warmuth/REUTERS

Со кош и баскет на глава на натпреварот во кошарка 3х3 помеѓу Летонија и Литванија на Олимписките игри во Париз. Победник беше Летонија, а радоста на навивачите, како на човекот на оваа фотографија - неизмерна.

Кошарката 3х3 е варијанта во која на полето се по тројца играчи од секој тим и за разлика од кошарката со по пет играчи, се игра на еден кош. Кошаркарската федерација ФИБА направи проба со овој вид натпревари во 2007 година во Азија, а во 2010 година, на Олимпписките младински игри во Сингапур се одржа и првиот официјален ФИБА-натпревар во ваква форма.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми