1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаШпанија

Сина Месечина

1 септември 2023

Џонеј Равело и неговиот коњ Нивариа ја набљудуваат т.н. сина супермесечина од планина во Моган, на островот Гран Канарија.

Сина Месечина
Сина Месечина Фотографија: Borja Suarez/Reuters

Периодот од една полна месечина до друга е 29,5 дена. Со оглед на тоа што полна месечина веќе се појави на небото вечерта на 1-ви август, временското растојание овозможи и втора полна месечина - на 31 август. Втората полна месечина во еден месец се нарекува „Сина Месечина“.

Претходната Сина Месечина се случи пред речиси три години, во октомври 2020 година. Наредната ќе се појави дури на 31 мај 2026 година. Инаку, името на месечината нема никаква врска со нејзиниот изглед и таа треба да се гледа како конвенционална месечина. Сепак, оваа Сина Месечина во истовреме беше и т.н. Супер Месечина. Тоа е појава кога Месечината се наоѓа на најблиското растојание од Земјата во својата елипсовидна орбита - што ја прави да изгледа поголема и посветла на небото за време на просечна полна месечина.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми