Снежен хаос на Божик во САД – милиони луѓе без струја
24 декември 2022Екстремен студ со температури до минус 45 степени, обилни врнежи од снег и силен леден ветар доведоа до прекин на снабдувањето со електрична енергија во преку 1,2 милиони американски домаќинства. Невремето ги помати плановите за патување на Божик на многу граѓани. Откажани се преку 5.000 авионски летови, околу 9.000 доцнат. Во сообраќајни несреќи поради замрзнати патишта настрадале смртно најмалку 13 лица. Првично беа погодени северот и средниот запад на земјата, но невремето се шири и во југот. Некои сојузни држави, меѓу кои и Њујорк, прогласија вонредна состојба поради временски неприлики. Гувернерката на Њујорк упати апел до граѓаните да не ги напуштаат домовите. Метеролозите предупредија на можна појава на специјална и силна бура, таканаречена „циклонска бомба".