ПанорамаСоединети Американски Држави
Снежна забава околу оган
9 декември 2023Реклама
Според нордиската митологија моќниот бог Улр е гарант на зимата и на снегот. Така тој стана и божество на скијачите. Тој е почитуван далеку од дома веќе 60 години: во 1963 година, првиот фестивал во чест на Улр се одржа во Брекенриџ, во Карпестите Планини во американската сојузна држава Колорадо. Традицијата е покрената од норвешки инструктори за скијање во Колорадо. Молитвите за снег луѓето сега ги комбинираат со голема забава.