1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Природа и животна срединаСоединети Американски Држави

Снежни виулици и студ - екстремни зимски услови во САД

13 јануари 2024

Делови од САД се зафатени од екстремен студен бран, кој предизвикува проблеми во сообраќајот. Откажани се преку 1600 авионски летови

USA, Sioux City | Winter in Iowa
Снежна бура во Ајова, САДФотографија: Carolyn Kaster/AP/picture alliance

Снежна бура со екстремен студ владее во централните делови на западот на САД, посебно во државите Ајова и Минесота. Практично сите поважни автопатишта се покриени делумно или целосно со снег. Замрзнатиот дожд предизвика бројни сообраќајни несреќи. Во Јужна Дакота се измерени минусни температури од 24 Целзиусови степени.

Засегнат е и авионскиот сообраќај – анулирани се повеќе од 1600 летови, над илјада доцнат.

Силна бура со обилни врнежи од дожд во североисточните делови од САД вчера остави привремено стотици илјади луѓе без снабдување со струја. Во сојузната држава Мејн ветерот достигнал брзина од преку 150 километри на час.  

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми