1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПанорамаНорвешка

Спас во последен час

СН/дв
16 август 2022

Возачот на автомобилот успеал да се спаси, а возачот на камионот бил извлечен со помош на хеликоптер. Мостот на реката Гудбрандсдалслаген во Норвешка бил релативно нов и не се знае зошто се урнал.

BdTD | Norwegen | Brücke über den Gudbrandsdalslagen eingestürzt
Фотографија: Stian Lysberg Solum/NTB/IMAGO

Две возила паднаа во река откако во понеделникот се урна мост северно од норвешкиот град Лилехамер, по што беше спроведена спасувачка операција и за среќа немало жртви. Автомобил и камион биле делумно потопени откако се урна дрвен мост на реката Гудбрандсдалслаген долг 150 метри. Според полицијата двајцата возачи се во добра состојба. 

Возачот на камионот бил спасен со хеликоптер, а возачот на автомобилот успеал смиот да се извлече од возилото. Мостот во општината Ојер, северно од Лилехамер, е релативно нов, соопшти портпаролот на локалната полиција и посочи дека се уште не е утврдено зошто се урнал.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми

Повеќе теми