Среќна Нова година
1 јануари 2024Реклама
На традиционалната новогодишна прослава на отворено дојдоа илјадници луѓе. Според организаторите на забавата на отворено во главниот град на Германија, продадени биле 45.000 билети, а на просторот предвиден за прославата биле пуштени околу 65.000 луѓе.
Во Берлин, како и во други места во земјата, имаше строги безбедносни контроли. Големи безредија немаше, но полицијата јави дека и во оваа новогодишна ноќ имало напади врз полициски службеници и припадници на службите за спасување.