Тејлор Свифт овековечена на графити
16 октомври 2024Реклама
Тејлор Свифт голема колку зграда! Добро, не таа самата, туку графити на кои е насликана во германскиот град Гелзенкирхен. Двајца уметници ја овековечија поп-ѕвездата на ѕид од зграда со дозвола од градот. На графитите работеа една недела.
Тејлор Свифт во јули одржа три концерти во Гелзенкирхен. Градот во тоа време беше дури наречен „Свифткирхен“ и беше домаќин на голем број фанови на пејачката. Уметниците сега велат дека со сликата треба да се задржи позитивното расположение од тој период.