1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Упад во Зелената зона во Багдад

ЕМФ | агенции
30 август 2022

Политичкиот конфликт во Ирак преминува во насилство. Во Зелената зона во Багдад се водат борби.

Ирак протести Багдад Зелена зона палата влада
Приврзаници на Ал-Садр пливаат во базенот на седиштето на владата во Зелената зона во БагдадФотографија: Ahmad Al-Rubaye/AFP/Getty Images

Милицијата на влијателниот шиитски водач Муктада ал-Садр во Зелената зона во Багдад се судри со безбедносните сили на Ирак. Од медицински кругови се информира дека досега загинале најмалку 11 лица, а повредени се најмалку 160.

Во десет квадратни километри големата Зелена зона, која вообичаено е добро обезбедена, се наоѓаат голем број владини институции, ирачкиот парламент, како и повеќе странски амбасади, меѓу кои и на САД.

Приврзаниците на Ал-Садр вчера (29.08) ја нападнаа владината палата, каде што се наоѓа канцеларијата на премиерот Мустафа ал-Касими. На оваа фотографија, приврзаници на Ал-Садр пливаат во базенот на седиштето на владата во Зелената зона. Претходно, Ал-Садр најави повлекување од политиката, по втор пат од 2014 година. Неполни два часа по објавата, демонстранти се втурнаа во Зелената зона, ги отстрануваа барикадите и се искачуваа по огради. Безбедносните сили се обидуваа да ги растераат со водени топови. Опсадата на палатата продолжи и покрај полицискиот час кој е во сила од попладневните часови.

Движењето на Ал-Садр доби најмногу гласови на парламентарните избори во октомври минатата година, но не успеа да состави влада. Како излез од кризата Ал-Садр бара одржување нови избори.

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми