1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Лондон осамна ново дело на Бенкси

19 март 2024

Неговите слики се раѓаат под заштита на ноќта, секогаш на јавни места - делата на славната стрит-арт суперѕвезда Бенкси се светски познати. Сега осамна негов нов мурал - среде Лондон.

Нов мурал на Бенкси во Лондон
Нов мурал на Бенкси во ЛондонФотографија: Ella Nunn/PA/dpa/picture alliance

Во лондонскиот кварт Ислингтон е откриена нова слика на уметникот Бенкси. Мистериозната британска суперѕвезда на улична уметност го потврди своето авторство со фотографија на својот Инстаграм профил. Зелената слика е „оживеана“ на бел ѕид зад голо дрво и кога се гледа од вистински агол се чини како дрвото да има лисја. Подолу, во стилот на сѐ уште анонимниот уметник, може да се види жена која држи распрскувач во раката и гледа во делото.

Би-Би-Си претходно го цитираше својот радио водител и експерт за Бенкси, Џејмс Пик, кој сними радио документарец за уметникот, според кого ова е „дефинитивно“ дело на Бенкси - иако, кога се работи за стрит-арт уметникот, човек никогаш не може да биде целосно сигурен. Пик додаде: „Сега е пролет и ова дрво треба да биде полно со лисја. Бенкси сигурно поминал со велосипед оттука и помислил дека тоа мизерно изгледа“.

Бенкси е уметник кој ноќе слика на ѕидовите на куќи и други површини. Со неговите главно општествено критички дела понекогаш се тргува за големи суми пари.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Прескокни го блокот Повеќе теми